За нас

За нас

Зошто Стиринг

Водечка компанија во регионот за дистрибуција

Нашата компанија СТИРИНГ ТРЕЈД е една од водечките во регионот со главна дејност дистрибуција на резервни делови и моторни масла за патнички и лесни товарни возила.

Нашата компанија е основана во 2006 година тогаш како официјален застапник компанијата од Италија ORIGINAL BIRTH кој е реномиран производител и дистрибутер на високо квалитетни резервни делови. Со ORIGINAL BIRTH сме препознатливи на пазарот како специјалисти за делови од подвозје и тоа со следниот асортиман: спони (кратки и долги), рамења, јабучици, стабилизатори, држачи и лагери за амортизери, држачи за мотор и менувач, гумици за балансштангли, манжетни, лагери и главчини за тркала, капачиња за ладилници и садови за антифриз, штопни и шајбни за картер, распрсници за вода, куќишта за термостати и многу други.

Искуство повеќе години

Во 2009 година го проширивме асортиманот со сетови за ребрасти ремени и лагери за тркала како репрезенти на фирмата IMA Cusscinettiод Италија.

Кон крајот на 2010 година на македонскиот пазар го претставивме брендот PENNASOLкако дел од AVISTA Refeining & Trading Deutschland GmbH. Со PENNASOLнудиме широка палета на висикоквалитетни и сертифицирани моторни масла за патнички и товарни возила како и масла за индустрија сите произведени во Германија.

Како надополнување на програмата со масла но и како одговор на побарувањата на нашите партнери го проширување на асортиманот со опрема за масла како на пример пумпи за извлекување и полнење на масло, садови за собирање на масло, разни алати и друга сервисна опрема од фирмата APAC од Италија. Во склоп на асортиманот за сервисна опрема нудиме и дигалки (електромеханички и хидраулични) од реномираниот Италијански производител EURO LIFT.

Стиринг на Facebook!

Станете и Вие дел од нашите Facebook фанови и бидете во чекор со промоции и поволности.

TOP QUALITY PRODUCTS