Нови средства од WARM UP

Нови средства од WARM UP

 

DWP125 средство за третман на дизел гориво против мрзнење: Против згуснување и создавање на парафини во дизел горивото, гасни горива и биогорива. Превенира проблеми поврзани со прекини на работа на моторот и неможност за стартување на ниски температури. Содржи средство против згуснување и со тоа спречува затнување на филтерот за гориво. Содржи и дисперзант на парафин кој ги микронизира кристалите и ја подобрува нивната филтерабилност. Точка на течење до -31 ° C (во зависност од горивото)

Потполно безбедно за металните површини и другите материјали, стандардизирано по EN950 согласно препораките на производителите.

Концентрирана формула 125 ml третира до 80 литри гориво. Да се аплицира превентивно пред полнење со гориво. Можна и куративна примена на веќе парафинизирано гориво но потребно е механичко мешање со горивото. При температури пониски од -25 ° C може да се дуплира дозата. За оптимална заштита пожелно е аплицирање на позитивни температури. Да не се чува на температури под 5 ° C.

DWP1000 средство за третман на дизел гориво против мрзнење: Против згуснување и создавање на парафини во дизел горивото, гасни горива и биогорива. Превенира проблеми поврзани со прекини на работа на моторот и неможност за стартување на ниски температури. Содржи средство против згуснување и со тоа спречува затнување на филтерот за гориво. Содржи и дисперзант на парафин кој ги микронизира кристалите и ја подобрува нивната филтерабилност. Точка на течење до -31 ° C (во зависност од горивото)

Потполно безбедно за металните површини и другите материјали, стандардизирано по EN950 согласно препораките на производителите.

Да се аплицира превентивно пред полнење со гориво. Можна и куративна примена на веќе парафинизирано гориво но потребно е механичко мешање со горивото.

Дозирање 1: 1000 како превенција или2:1000 куративно (или при екстремно ниски температури пониски од -21 ° C.

За оптимална заштита пожелно е аплицирање на позитивни температури. Да не се чува на температури под 5 ° C.

GF 150 средство за третман на мануелни менувачи: иновативна двојна формула за превенција на триење, абење на мануелни менувачи и воедно регенерација на заптивки.

Го подобрува преносот на вртежниот момент, ги намалува вибрациите и бучавоста и ја подобрува промената на брзини. Ги намалува протекувањата на масло од менувачот.

Содржината е доволна за стандарден мануелен менувач (со содржина до 3 литри масло). За други менувачи се става 5% од содржината на масло. Не се употребува кај автоматски менувачи и други секвенционални менувачи како DSG, CVT……

ATF400 средство за перење на автоматски менувачи: ги елиминира талозите и наслагите во менувачот и ја подобрува промената на брзините. Ги оптимизира перформансите на ATF маслото во автоматскиот менувач, ја намалува оксидацијата и корозијата со тоа и стареењето на менувачот. Универзално средство за сите автоматски трансмисии.

Содржината е доволна за менувачи со содржина од 6 до 9 литри ATF. За други волумени дозата е 5% од содржината на ATF. Се става во загреано масло и се остава 5 минути да работи моторот во положба N на менувачот. Потоа уште 10 минути во место (на дигалка) се менува во сите брзини со додавање на гас. Потоа се испушта заедно со старото масло и се става ново ATF масло. Погодно е за сите типови на автоматски менувачи, секвенционални менувачи DSG, CVT. Moже да се применува во сите машини за чистење и замена на масло во автоматските менувачи.

OSL300 средство против потрошувачка/протекување на масло,  за мотори, менувачи, серво уреди и АТФ масла.

Спречува протекување без потреба за демонтажа, ја регенерира еластичноста на на заптивките и О-прстените, семеринзите за коленесто вратило, брегасти осовини и вентилите. Погодно за мотори со EGR вентили, катализатори, DPF филтри, ламбда сонди…

Содржината е доволна за стандардни мотори (4-6 литри масло), други мотори 5%, мануелни менувачи 5%, трансмисии и серво пумпи 5%, ATF масла до 6%. Дозата се става преку отворот за полнење на загреано масло. Се аплицира во постоечкото масло и не е потребна претходна замена на филтерот за масло.

TOP QUALITY PRODUCTS