Упатство за монтажа „tuning“ модул во 6 чекори

Чекор 1 – Ослободете го и извадете го капакот на моторот

Чекор 2 – Локализирајте го конекторот на сензорот за висок притисок на горивото на шината за висок притисок

Чекор 3 – Ослободете го приклучокот на оригиналниот сензор за висок притисок. Поврзете го приклучокот со соодветниот приклучок од  доставениот кабел на сетот за тјунинг.

Чекор 4 – Направете проверка на исправноста на инсталацијата со помош на контролниот приклучок. Под контакт зелената ЛЕД сијаличка треба да свети (инсталацијата е во ред).

Чекор 5 – Поврзете го модулот со соодветниот приклучок од инсталацијата.

Чекор 6 – Прицврстете ја инсталацијата и модулот на соодветно место во моторниот простор со помош на пластични стеги.

Забелешка: прикaжаната инсталација претставува кратко упатство за монтажа на сетот за тјунинг. За подетални информации Ве молиме да се обратите на нашиот тел. Број +389 2 3109 258 или мобилен 075 480 057 или пратете ни емаил

TOP QUALITY PRODUCTS