DPF Чистење, упатство за работа

СЕТ ЗА ЧИСТЕЊЕ ФИЛТЕР ЗА ЧЕСТИЦИ (DPF, FAP….филтер)

Последните регулативи на Европската унија за намалување на емисијата на штетни гасови ги принудуваат производителите на автомобили да вградуваат филтри за честици во своите возила. Зголеменото присуство на биогорива во дизелот како и честите возења на кратки релации низ град придонесуваат филтрите да се запушуваат. Замената на еден ваков филтер е многу скапа и единствена алтернатива на замената е чистење на филтерот со WARM UP сетот за чистење.

ПРЕДНОСТИ

  • Eкономично се избегнува замената
  • Не е потребна демонтажа на филтерот
  • Ги раствора наслагите без да прави талози и пепел
  • Пиштол за вбризгување до 12 бари притисок
  • Сет од сонди за сите типови филтри (3 методи на апликација)
  • Чистење за помалку од 45 минути
  • Содржи иновативни хемиски соединенија кои овозможуваат безбедна примена без оштетување на материјалите без растворувачи или корозивни средства
  • Најдобра вредност за парите

СОДРЖИНА НА СЕТОТ:

ИЗБОР НА МЕТОД НА АПЛИКАЦИЈА

МЕТОД 1

Ако не постои директен пристап до филтерот за честици треба да се лоцира сензорот за разлика на притисоци за филтерот за честици. Треба да се извади цревото кое води пред филтерот за честици и тука да се постави конусниот дел од приклучокот бр. 3 од сетот за чистење.

МЕТОД 2

Ако има пристап до сензорот за температура на филтерот за честици истиот треба да се демонтира и таму да се постави сондата бр.2 од сетот за чистење

МЕТОД 3

Ако има пристап до влезното црево на сензорот за разлика на притисоци на самиот филтер за честици истиото треба да се демонтира и таму да се постави цревото бр.3 од сетот за чистење. Потоа на тоа црево се поставува конусниот дел од приклучокот бр. 2 од сетот за чистење.

НАПОМЕНА: Методите 2 и 3 се најефикасни затоа што средствата се вбризгуваат најблиску до филтерот за честици

ЧЕКОР 1: ПЕРЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ

Откако ќе се избере соодветниот метод на аплакација треба моторот да се загрее на работна температура и потоа се гаси. Во меѓувреме пиштолот се полни со средството за чистење DCF1000 (шише бр.1) се поврзува на компресор (притисокот може да се подеси на 4-5 бари) и се вбризгува во филтерот за честици во временски интервал од 30 секунди па се прави пауза од 1 минута средството да дејствува. Постапката се повторува додека не се испразни содржината од 1 литар. За возила од потешка категорија (комбиња камиони) дозата се дуплира + 1 литар.

Потоа се стартува моторот и 3 минути се држи константно гаста на 2500 вртежи во минута. Издувните гасови и пената што евентуално ќе излезе од издувниот систем треба да се собере во колекторот за издувни гасови на сервисот. Со ова е завршен првиот чекор.

ЧЕКОР 2: ПЛАКНЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ

Наполни го пиштолот со средството бр. 2 DFF 1000 поврзи го на компресорот (4-5 бари може и повеќе), стартувај го моторот и држи ја гаста константно на 2500 вртежи во минута и вбризгај ја целата количина на средството во филтерот за честици. Повторно постави го колекторскиот систем за издувни гасови за да ги собира продуктите од издувниот систем. Откако ќе се вбризга средството со компримиран воздух може да се издуваат цревата и конекторите пред да се поврзат повторно. Потоа се бришат сите грешки од меморијата на моторната електроника и се прави пробно возење за да се покрене автоматска регенерација или пак може да се направи сервисна регенерација со тестерот.

ЧЕКОР 3: РЕГЕНЕРАЦИЈА СО АДИТИВОТ

Адитивот се става непосредно пред полнење на резервоарот со максимум 30 литри дизел гориво за да се овозможи максимална хомогенизација и максимален третман. Загреј го моторот и направи тест возење 15 минути со константна гас од 3500 вртежи. Потоа со помош на дијагностичкиот уред можеш да го провериш евектот на чистењето.

DCF 5000 Средство за механичко чистење на DPF (за демонтиран DPF филтер)

1 литар од средството се раствара со два литра жешка вода. Два литра од растворот да се стави од влезната страна на филтерот и да се остави да дејствува најмалку 15 минути. Остатокот од растворот да се стави од излезната страна на филтерот и да се остави да дејствува најмалку 15 минути. Потоа филтерот се поставува во положба давата отвора да бидат исправени и со млаз вода под висок притисок се пере филтерот преку излезот (обратно од насоката на движење на издувните гасово). За поголеми филтри и голема запрљаност на филтерот дозата е два литри од средството и три литри жешка вода. Три литри од растворот се ставаат од влезната страна а два литри од излезната страна а постапката на перење е исто како што е горе опишано.

ВАШИОТ СТИРИНГ ТРЕЈД ТИМ
За сите прашања Ви стоиме на располагање во секое време.
Игор Димоски  моб. 075 480 057

TOP QUALITY PRODUCTS